Детална временска прогноза

Според направените анализи утре попладне од запад ,нашата земја постепено ќе ја зафати влажен бран со повремени врнежи од дожд {поради топлото време,загреаноста на земјата и воздухот можни се локални нестабилни процеси со пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења како и појава на краткотраен град}.

Ваквите процеси се можни повеќе во западната половина на нашата земја,во текот на ноќта недела и денот недела насекаде ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.Во понеделник променливо облачно {можен е повремен дожд но наместа ќе има сончеви периоди,во текот на попладнето во понеделник од север ќе се спушти поладен воздух со северозападен ветер и опаѓање на температурите.Во вторник се очекува променливо облачно време и постудено со засилен северозападен ветер со брзина и над 60 километри на час особено долж повардарието,а нај изразен во југоисточните делови,можни се и повремени врнежи од дожд а над 1.200/1.300 метри надморска височина и слаб снег кој во наредните часови кон среда ќе има и формирање на тенка снежна покривка, намалување на ветерот во среда исто така се очекува и разведрување кое ќе предизвика пад на утринските температури кои во среда и во четврток наутро би се движеле од 0° до 7° степени додека најсвежо би било во вторник со максимални температури од +7° до +15° степени.Од четврток пораст на температурите.Од овој влажен бран се очекува да наврне и над 30 литри воден талог на м2 особено во западната половина на нашата земја.За секоја можна промена следете го мојот официјален фејсбук профил Kostadin pavlov , каде најбрзо ќе бидете информирани.

Tose dzisev.

Stojance jovcev.

 

Споделете на:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *