Детална временска прогноза-влажен бран од недела попладне ќе ја зафати МАКЕДОНИЈА

Почитувани граѓани.
Според направените анализи, времето утре ќе биде променливо облачно,до умерен дозасилен ветар од југоисточен правец, најмногу би бил изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија.
Во попладневните часови облачната маса постепено ќе се зголемува, кој најпрво во западните делови ќе започне со врнежи од дожд кој локално се очекуват да бидат и поројни, проследено со грмежи и засилен ветар.

Времето во следните денови.

Под влијание на влажен бран, како што напоменив утре(недела) попладне се очекуват најпрво во западните делови а потоа да се префрлуват постепено и низ цела држава, врнежи од дожд наместа ќе бидат и поројни.

На повеќе места се очекуват над 50 л/м2, додека во крајните западни делови како и југоисточни делови се очекуват да бидат на удар и вкупен воден талог над 70 л/м2.

Да напомениме дека се очекува локално процесите да бидат во форма на невреме, проследени со електрични празнења, засилен ветар и појава на град.

Почитувани граѓани врнежите кој ги очекуваме на удар би биле, ноќта кон -Недела спрема понеделник и ноќта спрема вторник.
Во среда, четврток и петок ќе биде променливо време со послаби повремени врнежи од дожд.

За време на викенд очекуваме стабилизација на времето.

Во преспанскиот регион се очекуват врнежи од дожд кој на момент ќе бидат и пообилни.

Локално во преспанакиот регион се очекува да има врнежи од град.

Напомена.

Овој влажен бран кој ќе ни прстигне ќе ни донесе голема количина на воден талог и постои опасност на излевање реки како и ронење на карпи.

Врнежите од дожд ќе донесат и отежнување на собраќајот, затоа бидете внимателни и бидете навремено информирани.

За подетални информации следете ме на мојот Официјален фејсбук профил (Kostadin pavlov)  каде и што објавувам 2 до 1 час порано, ќаде би имало невреме.

Прогнозата  ја изготви.

Kostadin pavlov.
Tose dzisev.

Споделете на:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *